март 19, 2018

Клеми за присоединување

Мулти Т-клема за спроводник Ø8-10 mm од топопоцинкован челик. Вкрсна спојка.

Шифра: 1270

Опис:
Универзална монтажна мулти Т-клема за спроводник Ø8-10 mm од топлопоцинкован челик (вкрсна спојка). Универзална за паралелни, Т – насочни, напречни и надолжни врски на спроводници и јажиња.

Фалцова клема за спроводник Ø8-Ø10 mm и фалц 1-5 mm. Од топлопоцинкован челик.

Шифра: 1292

Опис:
Фалцова клема за спроводник Ø8-Ø10 mm и дебелина на фалц 1-5 mm. Со можност за напречна и надолжна монтажа на спроводникот, односно клемата е создадена од два дела. Делот каде што влегува проводникот се поставува вертикално и хоризонтално. Материјал топлопоцинкован челик.

Крстовидна фалцова клема за проводник Ø8–10 mm и фалц 1-8 mm. Од топлопоцинкован челик.

Шифра: 1297

Опис:
Крстовидна фалцова клема од топлопоцинкован челик со фиксна горна основа за монтажа на спроводник Ø8-10 mm кон фалц, со дебелина 1-8 mm. Со можност за напречно и надолжно поставување на спроводникот, бидејќи горната стега е со можност за ротација, според потребата.

Фалцова клема за спроводник Ø8-10 mm и дебелина на фалц 1-5 mm. Од алуминиум и нерѓосувачки челик.

Шифра: 1335

Опис:
Фалцова клема за спроводник Ø8-10 mm и дебелина на фалц 1-5 mm. Со можност за напречна и надолжна монтажа на спроводникот. Гарантирана контактна плоштина 10 cm2 кон рамнината на клемата. Материјал алуминиум и нерѓосувачки челик.

Клема за олук „DUO“ за спроводник Ø8-10 mm и раб на олук Ø15-20 mm. Од алуминиум.

Шифра: 1305

Опис:
Клема во вид на штипка која се прифаќа кон олукот, со димензии во граница Ø15-20 mm. Во горинот дел има клема во која влегува еден извод од покривната мрежа на алуминиумски спроводник Ø8 mm, а во другиот влез има можност за влегување на вертикален спроводник од заземјувачка инсталација. Материјал алуминиум.

Клема за олук „IDEAL“на спроводник Ø6-8 mm и раб на олук до Ø20 mm.Топлопоцинкована.

Шифра: 111670

Опис:
Клема во вид на штипка која се прифаќа кон олукот со димензии до Ø20 mm, во горинот дел има горна клема во која влегува еден извод од покривната мрежа на алуминиумски спроводник Ø6-8 mm, додека во другиот влез има можност за влегување на вертикален спроводник од заземјувачка инсталација. Топлопоцинкована. Завртка од нерѓосувачки челик.

Ревизиона клема “Vario” за врска алуминиумски спроводник Ø8-10 mm и лента за заземјување до 40 mm. Топлопоцинкована.

Шифра: 2043

Опис:
Ревизиона клема “Vario” за врска алуминиумски спроводник Ø8-10 mm и лента за заземјување до 40 mm. Составена од два дела. Со две навртки М10 и завртки од топлопоцинкован челик.

Контролно ревизиона клема од алуминиум, за врска помеѓу спроводник Ø8-10 mm и громобранска прачка Ø16 mm.

Шифра: 1330

Опис:
Контролно ревизиона клема од алуминиум за врска Ø8-10/Ø16 mm, со две завртки М8 за фиксирање, од нерѓосувачки челик. Се користи за врска помеѓу громобранска прачка Ø16 mm и алуминиумски спроводник Ø8/10 mm.