март 14, 2018

За нас

ЗА НАС



БЛИЦ ГАРД ДООЕЛ Скопје е компанија специјализирана за проектирање и изведба на инсталации за громобранска заштита, заземјување и заштита од пренапони. Покрај овие дејности нашата компанија се занимава и со трговија на високо квалитетни сертифицирани германски елементи за громобранска заштита.

 

  КВАЛИТЕТ


Единственото нешто за кое нема компромис е квалитетот. Сите наши производи се пропратени со десет годишна гаранција и сертификати за истите.

Сите од нас понудени проектни решенија, изведби и елементи за громобранска заштита одговараат и се во согласност со најстрогите европски стандарди и барања во оваа област т.е ЕВРОПСКИОТ СТАНДАРД  EN 62305 и ФРАНЦУСКИОТ СТАНДАРД NF 17-102, кои се активни и во Р.Македонија.

 

  МИСИЈА


Блиц Гард е иноватор во промовирањето на најновите и најквалитетни инсталации за громобранската заштита, со што воедно го остваруваме и позитивниот биланс цена-квалитет.

Преку имплементирање на нашите високо квалитетни елементи кои се изработени исклучиво од нерѓосувачки челик, топлопоцикован челик и алуминиум, приденесуваме громобранските инсталации да станат соодветни на европските инсталации со долготрајна функционалност и отпорни на сите атмосферски влијанија, а исто така естетски прикладни, без механички оптеретувања на објектите и лесни за монтажа.

 

  НАШИОТ ТИМ


Техничкиот тим е составен од високо образован кадар, составен од машински и електро инженери, со извршени обуки во европските земји и целосно запознаени со оваа материја.

 

  ЗАКЛУЧОК


Од нас понудените громобрански и заземјувачки инсталации, не се со единствената цел исполнување на законскиот пропис на вашиот објект. Инсталациите се гарант за вашата физичка и материјална безбедност.

Ние сме гарант на многу објекти во Р.Македонија, дозволете ни да ја гарантираме и вашата безбедност.

Со почит Блиц Гард дооел