март 14, 2018

Галерија6.5

ТЕМЕЛНО ЗАЗЕМЈУВАЊЕ


Темелното заземјување може да служи за громобранска заштита, а воедно и за заземјување во електричната инсталација. Најчесто се изведува од поцинкована лента под или над хидроизолација во комбинација со заземјувачки сонди. Поцинкованата лента се прифаќа кон арматурата со специјални клеми кои се гарант за добра електрична врска кон арматурата, а бетонот ја штити инсталацијата од корозија. Со темелното заземјување се добива израмнување на потенцијалите и ниски вредности на отпорот. Густината на мрежата составена од поцинкована лента во темелната плоча се одредува согласно стандардот EN 62305.

Материјал на елементи и проводници:
   – Топлопоцинкован челик
   – Нерѓосувачки челик
   – Инокс