„Квалитетно-функционален импакт при имплементација на високо квалитетни системи за громобранска заштита од конвенционален тип -од програмата на J.PRÖPSTER-Германија“
На 6 јуни 2018 година, „Блиц Гард дооел“ Скопје во организација со „Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија“, одржавме стручно предавање на тема „Квалитетно-функционален импакт при имплементација на високо квалитетни системи за громобранска заштита од конвенционален тип-од програмата на J.PRÖPSTER-Германија“.
J.PRÖPSTER-Германија е една од најголемите компании во светот за производство на најсофистицирани елементи за надворешна и внатрешна громобранска заштита.
Семинарот опфати неколку области меѓу кои:
•Техно-економски предности;
•Зголемени придобивки при примената на овие системи на сите инволвирани: Проектант-Изведувач-Надзор-Краен Корисник;
•Насоки за употреба на алуминиумски спроводник Ø8 mm како замена на поцинкована лента 25х3 mm, со соодветни држачи од нерѓосувачки челик, алуминиум и топлопоцинкован челик од производствената програма на J.PRÖPSTER;
•Примена на изолирана громобранска заштита;
•Приказ на процесот-изведба, односно брза и лесна монтажа без дополнително дупчење на кровните конструкции.
Учесниците на предавањето имаа прилика да слушнат совети и насоки за полесно интегрирање на овие системи во проектите, како и практичен приказ на елементите со соодветно упатство за нивна употреба.
Семинарот го посетија околу 8О тина архитекти и инженери кои се стекнаа со серификат за учество.
По завршувањето на предавањето се разви дискусија на темата во која учествуваа поголемиот дел од присутните.
Семинарот беше заокружен со дружење и коктел за сите присутни.
Линк од натписот на „Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија“ , за нашето предавање- https://www.komoraoai.mk/informator/217-predavanje-blitzguard.html