ВЕРТИКАЛНИ ОДВОДНИЦИ НА ЕЛЕКТРИЧНО АТМОСФЕРСКО ПРАЗНЕЊЕ (СПУСТОВИ)
Вертикалните одводници на електрично атмосферско празнење (ЕАП) ја остваруваат врската помеѓу инсталацијата за заземјување и приемникот на ЕАП т.е (мрежа од алумниумски проводник, раностартувачки громобран, Франклинови прачки). Проводникот се води на држачи над фасадата, држачи-опфатници за прицврстување и водење на проводникот кон вертикалните одводи на атмосферска вода (олуци). До колку објектот е во фаза на градење и без фасада (кога е и најповолно за инсталација) врската се остварува со изолиран алуминиумски проводник кој е отпорен на високи тепмератури право пропорционални на ЕАП (молња), со тоа се избегнува опасноста од палење на фасадните материјали и други несакани последици. Во долниот дел проводникот влегува во мерна кутија каде со посредство на ревизиона клема се остварува врската со заземјувачката инсталација.
Материјал на елементи и проводници:
– Алуминиум
– Топлопоцинкован челик
– Нерѓосувачки челик
– Бакар
– Пластика
– Изолиран алуминумски проводник