МЕТАЛНИ ПОКРИВИ
Сите предвидени елементи за овој тип на покриви се изработени без потреба од дупчење при монтажа. На голем број објекти се употребуваат постоечките завртки, кои служат за прицврстување на металните покривни панели, а на капаците на билото проводникот се води странично со фалцови клеми или со пружинести држачи, а во краен случај се користат држачи со специјално лепило. Густината на мрежата за прием на ЕАП зависи од потребното ниво на заштита на објектот кое се одредува согласно стандардот EN 62305.
Материјал на елементи и проводници:
– Алуминиум
– Топлопоцинкован челик
– Нерѓосувачки челик
– Бакар
– Пластика
